Центар за пристапност

Ги поврзуваме креативноста, пристапноста и инспирацијата за сите.

„План за пристапност“ на Spotify

Вовед

Целта на Spotify е да се однесува кон сите луѓе, вклучително и лицата за попреченост, со почит кон нивното достоинство и независност. Веруваме во интеграција и еднакви можности. Посветени сме навремено да им ги исполнуваме потребите на лицата со попреченост и ќе се трудиме да ги идентификуваме и да ги отстраниме бариерите за пристапноста секаде каде што тоа е можно. Овој „План за пристапност“ (или „План“) ги опишува чекорите што ги презема Spotify за исполнување на ваквите цели и за создавање повеќе можности за луѓето со попреченост.

Повратните информации за ваквиот „План за пристапност“ или за пошироката пристапност на Spotify се добредојдени. Може да споделиш повратни информации така што ќе го пополниш формуларот во нашиот „Центар за пристапност“ – којшто овозможува анонимно испраќање.

„Планот“ и описот на нашиот процес за испраќање повратни информации се достапни во нашиот Центар за пристанот. И „Планот“ и описот на процесот за испраќање повратни информации се достапни во отпечатена форма, со големи букви, со Брајово писмо и во аудиоформати. Ќе одговориме на барањата во рок од 15 дена.

Извршно резиме

„Планот за пристапност“ на Spotify е 3-годишна заложба за продолжување на напорите за отстранување на бариерите што влијаат врз луѓето со попреченост. Ќе се осврнеме на ваквите проблеми преку дејствата како: учество во „Индексот за еднаквост на лицата со попреченост“, ажурирање на процесите за вработување и упатствата за пристапност на канцеларијата, подобрување на обуката за пристапност, унапредување на пристапноста на услугата за клиенти и зацврстување на најдобрите практики при комуникација – покрај многуте други дејства наведени подолу. „Планот“ е развиен во консултација со луѓе со попреченост, за да се осигуриме дека ги одразува нивните потреби.

Клучни поими

Ова се дел од поимите што ќе се повторуваат во „Планот“. Ако поимот не е дефиниран тука, ќе го дефинираме првиот пат кога ќе се спомене.

Пристапни формати: се однесува на печатен формат, големи букви, Брајово писмо, аудиоформат или електронски формат што е компатибилен со адаптивната технологија што е наменета за помош на луѓето со попреченост.

Бариера: „бариера“ се однесува на сѐ што го попречува целосното и еднаквото учество на лицата со попреченост во општеството, вклучувајќи ги оние со физички, ментални, интелектуални, когнитивни ограничувања, ограничувања во комуникацијата, сензорни ограничувања или функционални ограничувања и вклучува:

  • физичка бариера
  • архитектонска бариера
  • информациска или комуникациска бариера
  • бариера во однесувањето поради вкоренет став
  • технолошка бариера
  • секоја бариера што е резултат на некоја политика или практика

Попреченост: терминот „попреченост“ се однесува на каква било пречка, вклучувајќи физичка, ментална, интелектуална, когнитивна, пречка во учењето, во комуникацијата или сензорна пречка, или функционално ограничување, без разлика дали е трајно, привремено или епизодно, или очигледно или неочигледно, а коешто, при интеракција со одредена бариера, го спречува целосното и еднаквото учество на лицето во општеството.

WCAG: „WCAG“ се однесува на најновата верзија на „Упатствата за пристапност на веб-содржините“ објавена од World Wide Web Consortium.