Политика за колачиња на Spotify
Во сила од 25 февруари 2026 г.
2. Како ги користиме колачињата?
3. Опции за управување со колачиња и реклами засновани на интереси
5. Како да контактирате со нас
Оваа политика опишува како Spotify користи колачиња и слични технологии (заедно, „колачиња"). Отсега натаму, ќе ја нарекуваме „Политиката". Целта на оваа „Политика" е да ви обезбеди јасни информации за употребата на колачиња и слични технологии од Spotify. Тоа се однесува на секој што ги користи услугите или веб-сајтовите на Spotify (заедно наречени „Услуги"). Оваа политика ги објаснува и изборите што ги имате за управување со поставките за колачиња.
1. Што се тоа колачиња?
Колачињата и сличните технологии, како пикселните ознаки, се мали датотеки што се преземаат на вашиот уред. Во оваа политика, заедно ќе ги нарекуваме „колачиња". Ваквите датотеки се поставуваат на вашиот уред кога имате интеракција со својствата на Spotify. На пример, ова може да се случи кога ќе го посетите нашиот веб-сајт, кога јакористите нашата апликација, кога имате интеракција со некоја од нашите реклами или кога ќе отворите е-порака од нас. Колачињата се корисни бидејќи им овозможуваат на Spotify и на нашите партнери уникатно да го препознаат вашиот уред. Тие помагаат и да се одржи континуитетот на вашето доживување. На пример, колачињата може да ни помогнат да ги разбереме вашите претпочитани поставки или да ги запомниме вашите минати активности. Повеќе општи информации за колачињата може да најдете на: www.allaboutcookies.org.
2. Како ги користиме колачињата?
Колачињата вршат многу различни функции. Ви овозможуваат поефикасно да се движите помеѓу страниците. Исто така, ги помнат вашите претпочитани поставки и помагаат да се подобри вашето доживување. Тие може и да ви помогнат да се осигурите дека рекламите што ги гледате онлајн се порелевантни за вас и за вашите интереси.
Spotify користи две главни категории колачиња: (1) строго неопходни колачиња и (2) изборни колачиња:
- *Строго неопходни колачиња
Овие колачиња ги поставува Spotify или трета страна во наше име. Тие се од суштинско значење за да ви се овозможи да ги користите карактеристиките на нашите „Услуги". Тие ви дозволуваат да гледате содржини, да ги поставувате вашите избори за приватност, да се најавувате, да плаќате за услугите или да пополнувате формулари. Без ваквите колачиња, не може да се овозможат нашите „Услуги", па не може да ги одбиете.
- *Изборни колачиња
Изборните колачиња може да бидат „колачиња од прва страна" или „колачиња од трета страна". Колачиња од прва страна се поставени директно од Spotify или од трета страна на наше барање. Колачињата од трета страна се поставени директно од трета страна или од Spotify на барање од трета страна, на пример, нашите даватели на услуги за аналитика или рекламирање. Може да најдете список со партнериве на линков. Spotify или нашите партнери ги користат изборните колачиња на следниве начини:
|
Тип колаче |
Цел |
|---|---|
|
Строго неопходни колачиња |
Овие колачиња се неопходни за да ви се овозможи да ги користите функциите на нашите услуги, како техничка испорака на содржини, поставување на претпочитаните вредности за приватност, најавување, плаќање или пополнување формулари. Без ваквите колачиња, нашите услуги не може да се овозможат, па не може да ги одбиете. |
|
Колачиња за изведба |
Овие колачиња прибираат податоци за начинот на којшто посетителите ги користат нашите услуги. На пример, колачињава ни овозможуваат да ги броиме посетите на нашиот веб-сајт и да разбереме како посетителите го нашле веб-сајтот. Веб-аналитиката што користи колачиња за прибирање податоци за подобрување на изведбата на веб-сајтот спаѓа во оваа категорија. На пример, може да се користат за тестирање дизајни и за обезбедување доследни изглед и чувство за корисникот. Може да добиваме податоци и од нашите билтени по е-пошта или другите комуникации што ви ги испраќаме, вклучително и дали сте го отвориле или сте го проследиле билтенот и дали сте кликнале на неговите содржини. Ваквите податоци ни укажуваат на ефикасноста на нашите билтени и ни помагаат да испраќаме податоци што ќе ви бидат интересни. Категоријава не ги вклучува колачињата што се користат за таргетирани рекламни мрежи засновани на однесување/интереси. |
|
Функционални |
Овие колачиња им овозможуваат на нашите Услуги да ги помнат вашите избори, на пример, корисничкото име, јазикот или регионот во којшто се наоѓате и да обезбедуваат подобрени, поперсонализирани функции и содржини. На пример, колачињава може да се користат за да се запомнат промените што се ги направиле на делови од веб-страниците што може да ги приспособувате. Колачињава ги помнат изборите што ги правите за да имате подобро доживување. Ако не ги дозволите колачињава, тогаш некои од изборите што сте ги направиле при претходните посети на нашите услуги нема да се зачуваат. |
|
Приспособени колачиња или колачиња за рекламирање |
Овие колачиња прибираат податоци за вашите навики на прелистување за да ви обезбедат реклами што се порелевантни за вас и да ги разберат вашите интереси. Се користат и за да ограничат колку пати ќе видите одредена реклама, како и за да помогнат при мерењето на ефикасноста на рекламите што ги споделува Spotify. Колачињава евидентираат дека сте посетиле некој веб-сајт и ваквите податоци може да се споделат со други организации, како огласувачите на реклами. Дополнително, Spotify може да споделува ограничени податоци со други платформи за рекламирање промоции, функции или нови изданија на Spotify на другите платформи. Ако не ги дозволите колачињава, ќе го искусите рекламирањето, но ќе биде помалку приспособено за вас. |
3. Опции за управување со колачиња и реклами засновани на интереси
Поставки за веб-прелистувачот
Може да ги користите поставките за веб-прелистувачот за прифаќање, одбивање и бришење колачиња. За да го направите ова, следете го упатството во прелистувачот (вообичаено е лоцирано во поставките за „Помош", „Алатки" или „Измени").
Имајте предвид дека ако го поставите прелистувачот да одбива колачиња, можеби нема да може да ги користите сите функции на веб-сајтот на Spotify. За да добиете повеќе информации, појдете на www.allaboutcookies.org.
Мобилни идентификатори
Оперативниот систем на вашиот мобилен уред може да ви овозможи да го отстраните приспособеното рекламирање или да ги ресетирате вашите „мобилни идентификатори". На пример, може да ја користите поставката „Дозволи им на апликациите да бараат следење" на уредите со iOS или поставката „Отстрани ги рекламите засновани на интереси" на уредите со Android. Поставкиве ви овозможуваат да ја ограничите употребата на податоците за вашето користење на апликациите за реклами приспособени на вашите интереси.
Вклучување/исклучување приспособени реклами
Во „Услугата Spotify", може да го отстраните приспособеното рекламирање. За да го направите тоа, исклучете ги приспособените реклами на страницата за Приватност на сметката на вашата сметка на Spotify. Ако ги исклучите приспособените реклами, Spotify ќе престане да ги споделува вашите податоци со партнери за рекламирање од трети страни. Spotify ќе престане и да ги користи нивните податоци за да ви прикажува приспособени реклами. Сè уште може да гледате реклами во „Услугите" според вашите детали за регистрација на Spotify и начинот на кој го користите Spotify во реално време. Но, овие реклами може да бидат помалку релевантни за вас.
Некои приспособени реклами што ги прикажува Spotify или давател на услуги во наше име може да ја содржат иконата "Ad Choices". Оваа икона или некоја слична алатка ви овозможува да ги отстраните приспособените реклами. Може да кликнете на иконата AdChoices или да појдете на www.about ads.info за:
- да дознаете повеќе за прибирањето и употребата на податоците за вашите активности онлајн за приспособено рекламирање; или
- да ја отстраните употребата на вашите податоци за приспособено рекламирање од компаниите што се дел од Digital Advertising Alliance (DAA).
4. Ажурирања на политикава
Повремено може да ја менуваме политикава.
Кога ќе извршиме суштински промени на „Политикава", ќе ве известиме. Типот на известувањето ќе зависи од тоа што е соодветно за околностите. На пример, може да прикажеме видливо известување во „Услугата Spotify" или да ви испратиме е-порака или известување на уредот.
5. Како да контактирате со нас
Ви благодариме што ја прочитавте оваа „Политика". За какви било прашања или грижи во врска со оваа „Политика", контактирајте со нашиот „Службеник за заштита на податоци" на кој било од следниве начини:
- испратете е-порака на privacy@spotify.com
- пишете ни на: Spotify AB, Regeringsgatan 19, 111 53 Stockholm, Sweden
Се надеваме дека ќе уживате во Spotify!
© Spotify AB.