Центар за пристапност

Ги поврзуваме креативноста, пристапноста и инспирацијата за сите.

Изјава за посветеност

Во Spotify, ја славиме креативноста на луѓето и се стремиме нашата платформа да може да ја користат сите луѓе. Учејќи од експертите и ангажирајќи луѓе со животно искуство во полето на пристапноста, посветено работиме да ги направиме нашите производи пристапни. Заедно, целта ни е да им дадеме моќ на сите да создаваат, да откриваат и да се инспирираат.

Нашата платформа е за сите, а исто и нашето работно место. Секој е добредојден каков што е, без разлика од каде доаѓаш, како изгледаш или што слушаш на слушалките.

Еве како се трудиме да ги исполниме целите за пристапност во нашето работно место, на платформата и за корисниците:

Нашите вработени: колку е поголем бројот на застапени и засилени перспективи во рамките на Spotify, толку повеќе сите ќе придонесуваме, ќе напредуваме и ќе бидеме брилијантни. Посветени сме да ја вградиме пристапноста во сѐ што правиме за нашите луѓе ширум светот. Ќе продолжиме да ја развиваме нашата глобална иницијатива за ментално здравје, Heart & Soul, и посветени сме да ги направиме нашите глобални канцеларии целосно пристапни.

Слушатели: Spotify е дел од животите на милиони луѓе во светот и приоритет ни е да бидеме сигурни дека нашата платформа е достапна за сите.

Изведувачи и создавачи: нашата платформа е моќна и ја користиме за засилување на гласовите, приказните и културите на заедниците ширум светот. Ќе продолжиме да ја развиваме нашата поддршка за изведувачите и создавачите со попреченост и ќе ја користиме нашата платформа за споделување на нивните таленти.

Не постои подобар начин да им вдахнеме повеќе дух на идеиве отколку со тоа што ќе понудиме конкретен и мерлив план според којшто ќе се придржуваме и пред којшто ќе одговараме.