„Ништо за нас без нас“ е основно убедување на „Движењето за права на луѓето со попреченост“, со што се опишува потребата за целосно учество на луѓето со попреченост во дејствата и иновациите што се преземаат за нив. Еден од начините на којшто го спроведуваме ваквиот модел е преку нашето партнерство со Fable, платформа за пристапност овозможена од луѓе со попреченост. Се консултиравме со тимот на Fable, заедно со нашата внатрешна #able заедница, група вработени со попреченост или невродивергентност, во секоја фаза од „Планот“.
Со помош на Fable, Spotify анкетираше над 100 луѓе со попреченост во врска со нивните потреби и преференции поврзани со пристапноста. Одговорите содржат перспективи од луѓе кои користат помошна технологија за вид, слух, разбирање, говор и/или подвижност. Истражувањето опфати широк опсег на теми, како поддршка за клиенти, комуникација, вработување, физички простор, дигитални производи и снабдување. Fable спроведе и онлајн групна сесија со четворица луѓе со различни потреби за пристапност за да се навлезе подлабоко во истите теми. Ваквите увиди се искористија како информации при развојот на „Планот за пристапност“ на Spotify.
По изготвувањето на „Планот“, дополнителна фокус-група со уште пет члена со попреченост го разгледа нацртот и обезбеди повратни информации за истиот. Ваквиот повторлив пристап со вклучување луѓе со попреченост во развојот на „Планот“ помогна да се откријат областите за подобрување и да се внесе доверба во напорите за пристапност на Spotify во текот на следните три години.
Како пример за начинот на којшто нашата консултација доведе до развојот на овој „План“, анкетираните лица рекоа дека лицето кое одговара на нивните прашања за поддршка за клиенти треба да биде запознаено со помошната технологија и пристапноста. Како реакција на ваквите повратни информации, во делот „Информатички и комуникациски технологии (ICT)“ во овој „План“, Spotify се посветени да го прошират нашиот постоен тим со подобрени знаења, вештини и алатки што ќе им помогнат на луѓето со попреченост.