„Законот за дигитални услуги“ (DSA) на Европската Унија е регулатива чија цел е да се бори против незаконските содржини онлајн.
Извештајот за транспарентност на Spotify за „Законот за дигитални услуги“ содржи преглед на нашиот пристап, вклучувајќи ги политиките, практиките и дејствата поврзани со содржините на корисниците на посредничките услуги на Spotify. Извештајов е неопходен за промовирање транспарентност и одговорност.
Правилата на платформата Spotify дефинираат што е, а што не е дозволено на нашите услуги. Постојано се трудиме да се справуваме со незаконските и штетните содржини што ги прикачуваат корисниците, истовремено штитејќи ги податоците и основните права на корисниците.
Извештајот за транспарентност на Spotify за „Законот за дигитални услуги“ за 2024 може да се најде тука.
„Регулативата за терористички содржини онлајн“ (TCO) на Европската Унија (ЕУ) има за цел да ги поддржи безбедноста и сигурноста на граѓаните на ЕУ, така што бара од дигиталните услуги да ги отстрануваат терористичките содржини брзо и ефикасно, истовремено почитувајќи ги основните права, како слободата на изразување.
Spotify се труди да се бори против штетните терористички содржини ако се откријат на платформата. Соработуваме со доверливи органи и партнери и заедно се бориме против овој проблем распространет во целата индустрија и постојано ги подобруваме нашите внатрешни процеси за справување со сѐ понапредните закани.
Согласно со TCO, извештајот за транспарентност на Spotify за терористички содржини онлајн ги дефинира нашите напори за спречување и запирање на терористичките содржини на нашата платформа. Извештајов нуди преглед на нашиот пристап, вклучително и на начинот на којшто ги идентификуваме и се справуваме со терористичките содржини и начинот на којшто реагираме на наредбите за отстранување од компетентните национални органи во ЕУ.
Извештајот за транспарентност на Spotify за терористички содржини онлајн за 2024 може да се најде тука.