
Услугите како Spotify им нудат уникатна можност на родителите и на децата да разгледуваат заедно, да наоѓаат едукативни содржини и да слушаат музика. Сигурен сум дека на многумина од вас им се нашле плејлистите со приспивни песни за да ги успијат децата, а многу други уживале во споделувањето одредена песна што самите ја сакале на нивна возраст. Последниве години, онлајн просторот за деца е сѐ поголем, па не е лесно да знаете кој е најдобриот начин да ги ограничите содржините и карактеристиките до кои може да пристапуваат онлајн додека слушаат.

Јас сум Alex Holmes и член сум на глобалните советодавни одбори за безбедност на повеќе поголеми технолошки компании, вклучувајќи го Spotify, и ги советувам за нивниот пристап кон безбедноста и онлајн штетите. Јас сум и заменик извршен директор на непрофитната организација The Diana Award, во спомен на уверувањето на принцезата Дијана дека младите имаат сила да го променат светот. Ја основав програмата за врсничка поддршка Anti-Bullying Ambassadors кога имав 16 години откако бев малтретиран. Работам и во добротворната организација на BBC, BBC Children in Need. Како што можеш да си замислиш, силно сум заинтересиран за справување со сите бариери на среќата и благосостојбата на децата.
Во онлајн светот, секогаш им предлагам на родителите да соработуваат со децата за да одлучат кои типови содржини и карактеристики се соодветни за нив. Разговарајте за типовите содржини што може да ги слушаат и помогнете им да разберат што може да прават ако содржините ги вознемират или ги загрижат. За да им помогне на родителите и семејствата да ги донесат ваквите одлуки, Spotify подолу нуди водич со најновите алатки и карактеристики создадени за децата, вклучувајќи родителски контроли што може да се користат за нивна заштита од експлицитни содржини и начини за пријавување несакани содржини или внимание.
Тешко е да се следат сите различни услуги што ги користи детето, па го поттикнувам секој родител или старател да соработува со своето дете за да го разбере Spotify, видовите на музика што ги слуша детето и начините на кои комуницира со другите. Исто така, може да биде корисно да размисли за своите постапки кон другите деца и дека треба да обрати внимание на насловите на плејлистите, профилите или фотографиите/прикачените елементи на плејлистите. Поттикни го детето да ги споделува своите плејлисти со тебе, бидејќи тоа може да биде можност за внимателно подредување и поврзување и за водење здрав дијалог.
Музиката и звуците се важен дел од начинот на којшто децата учат да се изразуваат и го разбираат светот. Со соодветна поддршка, може да ги користиш алатките како Spotify за да им помогнеш да станат посамоуверени, поотпорни и пољубопитни, истовремено одржувајќи рамнотежа со нивната приватност, слобода и со твојот стил на родителство. Најпосле, да разговараш со детето за ваквите работи е најдобриот начин да му покажеш дека си тука да го поддржиш додека учи за дигиталниот свет.
Alex Holmes, OBE
Експерт за безбедност на децата
Spotify е дигитална услуга за музика, поткасти и аудиокниги што ти нуди пристап до милиони песни и други содржини од создавачи од целиот свет. Разбираме дека снаоѓањето во дигиталниот свет може да претставува предизвик за родителите и дека одлуките за тоа кои содржини и доживувања се соодветни за твоето семејство често се лични. За полесно да создадеш доживување што е интересно и ги има предвид младите слушатели, создадовме различни важни мерки. Ова се некои од нив:
Како што се менува пејзажот на безбедноста на децата, ќе продолжиме да ги усовршуваме нашите правила, алатки и способности. Во меѓувреме, продолжи со читање за да дознаеш повеќе за чекорите што може да ги преземеш како родител или старател за да помогнеш при создавањето подобро доживување за младите слушатели.
Сите корисници мора да го исполнуваат условот за минимална возраст за државата поврзана со соодветната сметка. Ако детето е под минималната возраст за користење на Spotify или не ги исполнува условите од нашите Услови за користење поради други причини, сметката мора да се затвори или да биде контролирана сметка.
Кога се создава сметка, важно е точно да се наведе возраста на детето. Ова ни помага да се усогласиме со локалните закони и да понудиме соодветно доживување на производот.
Контролираните сметки нудат приспособено музичко доживување кое децата може независно да го разгледуваат, со што родителите и старателите добиваат алатки за насочување и обликување на нивната средина за слушање. Ваквата сметка наменета за слушатели помлади од 13 години (или локалниот еквивалент) им овозможува да откриваат нови звуци и да си ги обликуваат своите вкусови преку нашиот богат музички каталог. Следниве карактеристики стандардно важат за сите контролирани сметки:
Дополнително, родителите/старателите може да ги користат нашите контроли во апликацијата за да ги насочуваат младите слушатели. Секое дете е различно и патешествието на секое семејство е уникатно, па посветени сме да си ги унапредуваме алатките за да им помогнеме на родителите и старателите да споделуваат музика на соодветен начин. Алаткиве во моментов вклучуваат:
Самостојна апликација што нуди внимателно подредено доживување и вклучува содржини што се посоодветни за помлади деца. За да дознаеш повеќе, кликни тука.
Сите содржини на Spotify мора да бидат во согласност со локалните закони и со нашите Правила на платформата. Правилава ги има развиено нашиот внатрешен тим експерти за политики за безбедност со повратни информации од доверливи експерти за глобална безбедност, вклучувајќи го нашиот Spotify Safety Advisory Council. Имаме и глобални тимови што работат деноноќно и се грижат содржините навремено да се прегледуваат и соодветно да се реагира.
Нашите правила и пристапот за спроведување не се статични и се развиваат како реакција на променливите трендови на злоупотреба, глобалниот регулаторен пејзаж, новите типови содржини и повратните информации од нашите доверливи партнери за безбедност.
Ако наидеш на содржини за коишто сметаш дека можеби ги прекршуваат нашите Правила на платформата, пријави ги преку формуларов. За да дознаеш повеќе за дополнителните опции за пријавување, посети го нашиот Центар за безбедност и приватност.
Посветени сме на заштитата на личните податоци на нашите корисници, вклучувајќи ги децата, и имаме механизми за да бидеме сигурни дека податоците на корисниците се безбедни. Некои од причините за користење на личните податоци се за да нудиме препораки на твојот јазик, да предложуваме песни во кои сметаме дека ќе уживаш или за да ти помогнеме да го откриеш новиот омилен изведувач.
За да дознаеш повеќе за начинот на кој ги користиме твоите податоци, за твоите права за приватност и за начинот на приспособување на поставките, разгледај го нашиот Центар за безбедност и приватност и прочитај ја нашата Политика за приватност. Ако си родител или старател на млад слушател на контролирана сметка, разгледај го и нашето Известување за приватност за родители и старатели на деца со контролирани сметки и нашата Политика за приватност за млади слушатели.